22 септември, 2008

Струшките “Ибрахим темо“ и „Нико Нестор“...

Како и секоја година (со, сега за сега, исклучок на оваа) во нашиот средношколски центар има масовни тепачки, на национална база. Последната тепачка беше предизвикана од еден македонец, кој го запали албанското знаме сред центарот поради тепачка (исто на национална основа, но немам многу информации за тоа). Но, на ова му предходеше друга акција, (датумот е 17 фебруари 2008), осамостојувањето на Косово.

Имено, на тој датум, нашиот „мил“ градоначалник Мерко, сечеше 9 метарска торта на на плоштад, низ градот се беше со албански знамиња, кај и да се свртиш, учениците албанци во центарот славеа со музика, а згора на тоа, влегуваа во нашите училници со албански знамиња, како на модна писта, ке се прошетаа, и ке излезеа, ниту професорите не им можеа ништо. Сите седевме без коментари. Уф, забегав малку од темата...

И шо сакав да кажам сеа.. Почнавме да штрајкуваме, зашто не сакаме тепачки, сакаме етнички смени. Добро, по едномесечно штрајкување (март-април 2008 година), го добивме тоа. Часовите што ги одржавме потоа беа вистински хаос, не се знаеше што учиме, не се знаеше што ке одработиме тој час, не се знаеше ништо. Единствено за што се водеше сметка беше тоа како да се одржат тестовите, и како да се помине целиот материјал набрзина (2 теми од по 4-5 лекции беа обработувани за само 4 часа!). Во целиот тој штрајк, имавме „некаква“ поддршка од родителите, на таа поддршка неможам да ја споредам со поддршката на албанските ученици, чии што родители (сите, ама баш сите) беа дојдени во ценатарот истиот ден, после тепачката. Ова кај нас го нема, секој наш родител е зафатен со правење ајвари, со туршии, со уште којзнае што. Децата последни.

Оваа година, со самиот нејзин почеток, повторно почнавме да штрајкуваме. До денес се направија вкупно 13 дена неодење на училиште, и никој не знае кога овој штрајк ке заврши, кога ке ни ги остварат барањата. До вчера вечерта велеа дека ние ќе продолжиме да одиме на училиште, а проблемот ќе ни го решат за месец - два. Вчера во 18h, од (за мене) непознати причини, претседателите на македонските класови се договориле да не одиме сепак на училиште.

Меѓутоа, има неколку технички проблеми: бројот на албанските паралелки во Гимназија е преголем, има 7 паралелки повеќе отколку што завршија матура 4-та година, мислам дека беа 12 (за споредба, македонските класови се само 3). За секој клас нема доволно училници. И да одиме во мешани смени, пак за нив нема место, и мора периодично да учат (по 2 недели секоја паралелка, потоа друга) во одмаралиштето „25-ти Мај“. Слушнав од некој дека ние, македонците, ке сме оделе таму, а албанците во Гимназијата. Е неможе така, од проста причина што тие се повеќе, и за нив нема место, не за нас.

Овој проблем (кој постои веќе 15 години, не е од оваа година), според мое мислење е на политичка основа, и тие од „горе“ го диктираат развојот на настаните, не ние. За ова, нема да коментирам кој како.

Кога бев на една дебата (3 јули 2008) со наслов „Мултиетничкиот живот во Струга“, се спомена дека проблеми има само во центарот, а во градот нема (истите ученици се среќаваат и во центарот и сред чаршија, но в чаршија нема проблеми како што има ваму), што потенцира дека ова се е политички започнати.

Ова е мојот коментар за етничките поделби во Струга, со надеж дека се ќе се реши како што треба.

6 коментари:

minimoog рече...

И пак ништо не разбрав, барем она основното, зошто не идете на школа?

Номче рече...

Затоа што не сакаме тепачки повеќе, сакаме мир.

minimoog рече...

Па не мора да се тепате. Ваша обврска е да учите и тоа треба да ви е примарна цел. А не да барате нешто што не може да се исполни.

Но тоа е ваше право. ВИЕ губите. Јас не.

После да не барате да нема матура, или како што ќе има, екстерни оцени.

Номче рече...

Ех.. јас не би се тепал (и не отидов за среќа на денот на тепачката по грешка) никогаш, но има ученици кои се по тоа, и биле испровоцирани, па се направи тепачката.. само проблемот е што ако учиме сега, ке ни воведат засилено обезбедување, приватно и полиција, па ке се чувствуваме како во затвор.

minimoog рече...

Повеќе знам за проблемот отколку што мислиш...Ама не кажувам од каде, можеби сум професор, кој да го знае.

Битно е наставата да продолжи, а етнички тензии на некој друг начин да се решаваат (не со бојкот). И да знаеш било полошо со тепачките.

Најоштетени ќе бидат оние кои се четврта година, зошто имаат екстра екстерни испити...Вас помалите тоа не го гледате, но кога ќе дојде да ви горе под нозете, после некој друг ви е крив.

Тоа што ќе има полиција и не страшно, уште малку и камера на секоја столче ќе има. Се зезам.

Бојкотот не е решение, очигледно она што го бараат вашите родители не може да се исполни (додатни простории) и мора вашите родители малку да попуштат за некои работи, зошто вие трпите.

Во целава оваа работа има замешено политика, национализам, лоши професори, лоши директори, лош градоначалник, и некакви си фрустрации од минатото кои тешко се лечат. Чаре? Што знам. Ни јас не гледам некое едноставно решение. Но знам дека учењето е и знаењето се најбитни од се во моментов. Глупави луѓе најлесно се контролираат.

Излеа дека или ќе учите во 25 Мај или ќе ви изградат нова зграда (ребаланс на буџетот, некој ветил). Но 25 Мај е во судски спор па кој го знае кога и што.

Мене најмногу ме изнервира во целава ситуација, што некои професори ве подржувале во бојкотот па дури и ве бркале од на школо, срам да им е. Нивна цел е со МОИ/НАШИ пари вас да ве учат а не да шират политика.

Одите на школа, учите, забавувајте се, и ваљда ќе си одите од државава. Хехе.

chakar рече...

minimoog ke ti objasnam vo dva zbora. Mu teknalo na nekoj makedonec i na nekoj albanec da se istepaat i toa go napravile...no kaj albancite e onaa parola eden za site, site za eden i ne napadnaa masovno i vinoven i nevin.Toa ne go sakame nie i zatoa ne odevme na uciliste