22 септември, 2008

Струшките “Ибрахим темо“ и „Нико Нестор“...

Како и секоја година (со, сега за сега, исклучок на оваа) во нашиот средношколски центар има масовни тепачки, на национална база. Последната тепачка беше предизвикана од еден македонец, кој го запали албанското знаме сред центарот поради тепачка (исто на национална основа, но немам многу информации за тоа). Но, на ова му предходеше друга акција, (датумот е 17 фебруари 2008), осамостојувањето на Косово.

Имено, на тој датум, нашиот „мил“ градоначалник Мерко, сечеше 9 метарска торта на на плоштад, низ градот се беше со албански знамиња, кај и да се свртиш, учениците албанци во центарот славеа со музика, а згора на тоа, влегуваа во нашите училници со албански знамиња, како на модна писта, ке се прошетаа, и ке излезеа, ниту професорите не им можеа ништо. Сите седевме без коментари. Уф, забегав малку од темата...

И шо сакав да кажам сеа.. Почнавме да штрајкуваме, зашто не сакаме тепачки, сакаме етнички смени. Добро, по едномесечно штрајкување (март-април 2008 година), го добивме тоа. Часовите што ги одржавме потоа беа вистински хаос, не се знаеше што учиме, не се знаеше што ке одработиме тој час, не се знаеше ништо. Единствено за што се водеше сметка беше тоа како да се одржат тестовите, и како да се помине целиот материјал набрзина (2 теми од по 4-5 лекции беа обработувани за само 4 часа!). Во целиот тој штрајк, имавме „некаква“ поддршка од родителите, на таа поддршка неможам да ја споредам со поддршката на албанските ученици, чии што родители (сите, ама баш сите) беа дојдени во ценатарот истиот ден, после тепачката. Ова кај нас го нема, секој наш родител е зафатен со правење ајвари, со туршии, со уште којзнае што. Децата последни.

Оваа година, со самиот нејзин почеток, повторно почнавме да штрајкуваме. До денес се направија вкупно 13 дена неодење на училиште, и никој не знае кога овој штрајк ке заврши, кога ке ни ги остварат барањата. До вчера вечерта велеа дека ние ќе продолжиме да одиме на училиште, а проблемот ќе ни го решат за месец - два. Вчера во 18h, од (за мене) непознати причини, претседателите на македонските класови се договориле да не одиме сепак на училиште.

Меѓутоа, има неколку технички проблеми: бројот на албанските паралелки во Гимназија е преголем, има 7 паралелки повеќе отколку што завршија матура 4-та година, мислам дека беа 12 (за споредба, македонските класови се само 3). За секој клас нема доволно училници. И да одиме во мешани смени, пак за нив нема место, и мора периодично да учат (по 2 недели секоја паралелка, потоа друга) во одмаралиштето „25-ти Мај“. Слушнав од некој дека ние, македонците, ке сме оделе таму, а албанците во Гимназијата. Е неможе така, од проста причина што тие се повеќе, и за нив нема место, не за нас.

Овој проблем (кој постои веќе 15 години, не е од оваа година), според мое мислење е на политичка основа, и тие од „горе“ го диктираат развојот на настаните, не ние. За ова, нема да коментирам кој како.

Кога бев на една дебата (3 јули 2008) со наслов „Мултиетничкиот живот во Струга“, се спомена дека проблеми има само во центарот, а во градот нема (истите ученици се среќаваат и во центарот и сред чаршија, но в чаршија нема проблеми како што има ваму), што потенцира дека ова се е политички започнати.

Ова е мојот коментар за етничките поделби во Струга, со надеж дека се ќе се реши како што треба.

21 септември, 2008

Lorem ipsum dolor sit amet...

Сигурно сте се сретнале со оваа фраза некогаш, барем тие што се занимаваат со web дизајн (го има во HTML темплејтите, на пример).

Што е Lorem ipsum?
Lorem ipsum е едноставен модел на текст кој се користел во печатарската индустрија. Тој бил индустриски стандард кој се користел како модел уште пред 500 години, кога непознат печатар зел кутија со букви и ги сложил на таков начин со цел да направи примерок на книга. И не само што овој модел опстанал пет векови туку почнал и да се користи и во електронските медиуми, кој се уште не е променет.
Неговите корени потекнуваат во дела на класичната Латинска книжевност од 45 година пред новата ера, што го прави стар преку 2000 години. Richard McClintock, професор по латински на Hampden-Sydney колеџот во Вирџинија, побарал дефиниција за малку чудните зборови "consectetur" од Lorem Ipsum пасусите и додека ги анализирал деловите во класичната книжевност открил автентичен извор. Lorem Ipsum доаѓа од поглавјата 1.10.32 и 1.10.33 од книгата "de Finibus Bonorum et Malorum" (Екстремите на доброто и злото) кои ги напишал Cicerо во 45 година пред новата ера.

Генератор на ваков текст можете да најдете овде.

20 септември, 2008

Прв пост?

Ете, си отворив и јас нов блог. Не е нешто посебно, но колку за мене, добро е.

По неколкуте неуспешни стартувања, мислам дека овој ке почне.. ке биде активен.

Сеа толку, во нареден пост повеќе.