Тоа се видови на податочни системи (filesystems) што ги користи GNU/Linux оперативниот систем. Под Windows, не може да се прочитаат. На пример во dual-boot системи Windows-Linux, од Linux-от можете да влегувате во Windows партициите, но не можете обратно, од Windows да влегувате во партициите на Linux-от.
Има еден трик како да влезете во партицијата на Linux дури сте во Windows. За таа цел користете го овој софтвер. Се вика Еxt2 Installable File System For Windows.
Ги поддржува Windows NT 4, Windows 2000, Windows Xp, Windows 2003 и Windows Vista. Со негова помош можете и да читате од Linux партиција, а исто така и да пишувате. Системот автоматски ја препознава партицијата и ја „мапира“ така што брзо и лесно ке можете да влезете во партицијата, преку My Computer.
Лесна е за инсталација и користење. Ако заглавите некаде, проверете го FAQ-то, или контактирајте го авторот.
18 октомври, 2008
13 октомври, 2008
02 октомври, 2008
Acid тестови
Прво што ви падна на памет кога го прочитавте насловот, претпоставувам дека беше поврзано со хемијата. Сепак, не е.
Има, од 1996-та година па наваму, вкупно 3 тестови, Acid1, Acid2, и најновиот Acid3 тест. Како што напоменав погоре, не е поврзано со хемија, туку повторно со компјутерите, поточно прелистувачите, и нивното точно прикажување на страниците.
Првиот тест е направен од Todd Fahrner, кој бил фрустриран од точноста и строгоста на тогашните тестови. Тој тестирал неколку функции во прелистувачите, и со помош на референтна страна се одредува дали тој прелистувач го „положува“ тестот. Денес, сите познати прелистувачи (IE, Mozilla Firefox, Opera, Netscape, Safari...) успешно го поминуваат овој тест.
Изглед на Acid1 тестот
Вториот тест од Acid низаата е направен по инспирација од првиот. Тестира неколку функционалности, меѓу кои се алфа-проѕирноста во PNG сликите, HTML објекти, позиционирање на CSS (апсолутно, релативно и фиксирано), дизајн на табели со CSS, „лебдечкиот“ ефект (Hover effect, менување на позадинската боја/слика на одреден елемент при поминување со глувчето врз него) и др. Направен е од Ian Hickson. Официјално, тестот го поминуваат следниве прелистувачи:
Изглед на Acid2 тестот
Стигнавме до третиот „киселински“ тест, односно Acid3 тестот. Во јавност е излезен на 3-ти март 2008-ма година. Карактеристично за овој тест е тоа што е поделен во неколку групи, наречени Bucket-и (поточно, ги има 6), во кои се сместени вкупно 100 поттестови (со исклучок на првиот, 97, 98 и 99-тиот поттест, кои се специјални и припаѓаат на т.н. 7-ма група). Овој тест ги проверува следните функционалности (мислам дека глупаво би било да ги преведам, затоа ги оставив на англиски):
Изглед на Acid3 тестот

- Bucket 1: DOM Traversal, DOM Range, HTTP
- Bucket 2: DOM2 Core and DOM2 Events
- Bucket 3: DOM2 Views, DOM2 Style, CSS 3 selectors and Media Queries
- Bucket 4: Behavior of HTML tables and forms when manipulated by script and DOM2 HTML
- Bucket 5: Tests from the Acid3 Competition (SVG,[4] HTML, SMIL, Unicode, …)
- Bucket 6: ECMAScript
Иако Acid3 тестовите се добра збирка на интересни тестови, и дел од нив ке се имплементираат во IE8, ние ќе се фокусираме на најважните функции, кои на web развивачите ке им го олеснат животот.

Во моментов, се развива и уште еден тест, Acid4, но за него, за жал, не се познати никакви информации сеуште. Ќе почекаме... :)
Етикети:
прелистувач,
тест,
Acid1,
Acid2,
Acid3,
browser,
web стандард
Претплати се на:
Објави (Atom)